Прес брифинг во Белата куќа за напорите на САД во справување со коронавирусот

Од:

Белата куќа денеска го одржа редовниот прес брифинг со координаторите на кризниот штаб задолжен за справување со ширењето на коронавирусот во САД.

Поради сложената ситуација, на пресот за првпат учество зеде и државниот секретар Мајк Помпео.

-Се бориме со дезинформациите што ги шират Кина, Иран и Русија во врска со активностите што ги прави САД во напорите да се запре ширењето на коронавирусот во земјава, изјави Помпео.

На кризниот брифинг присуствуваа и претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, министерот за здравство Aлекс Азар и Антони Фаучи, директорот на Институтот за алергии и вирусни заболувања.

Како што изјави Помпео, сите пристигнати мигранти на границата со Мексико ќе бидат вратени назад. Од Белата куќа потврдија дека границите со Мексико и Канада од викендов се затвараат освен за итните случаи.

-Да појасниме, тие нема да одат назад во Мексико, туку ќе бидат вратени во земјите од каде дошле, изјави Трамп. Додаде и дека границите нема да бидат затворени за транспорт на стоки.

Според него, повеќе приватни компании се известени за изработка на апарати за механичка вентилација, но дека само една компанија „Џенерал моторс“, е ангажирана преку тендер да започне изработка дополнителни вентилатори.

На прашањето дека многу сојузни држави се соочуваат со недостиг од прибори за тестирање, Азар потврди дека во тек се изработка и на илјадници тестови за коронавиусот во САД.

Пенс укажа дека преку Федералната агенција за менаџирање на вонредни состојби (ФЕМА) гувернерите на државите ќе добијат информации за тоа кои болници и во колкав број ќе добијат подготвени прибори за тестирање од коронавирусот. Болниците ќе бидат засилени со мобилни лаборатории.

Трамп даде уверување дека „откако ќе биде победен невидливиот непријател, нашата економија која е мошне силна, ќе се вивне како ракета“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат