Премиерот на Либан со 72-часовен ултиматум до противниците

Од:

Премиерот на Либан, Сaад Харири додека се одржуваат протести ширум земјата, постави 72-часовен ултиматум до своите противници да ја поддржат неговата програма за реформи.

Тој во обраќањето до нацијата ги обвини политичките партнери во својата Влада на национално единство, во која учествува и иранската група Хезболах, дека повторно го блокираат во спроведување на реформите.

Харири апелираше да донесат „јасни, одлучни и конечни одлуки“ поврзани со своите предложени структурални реформи за обнова на многу задолжената либанска економија.

Тој во обраќањето до нацијата сугерираше дека ќе поднесе оставка ако тоа не се случи, но не беше експлицитен.

Илјадници демонстранти веќе втор ден протестираат барајќи оставка од Владата. При вчерашните протести во Бејрут загинаа две лица, а десетици беа повредени.

Протестите беа иницирани по соопштувањето на намерата на Владата да ги зголеми даноците, но и поради корумпираноста на политичарите.

Владата прогласи состојба на економска криза и бара начин да го намали дефицитот.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан