Премиерот на Јапонија го поздрави создавањето на пактот АУКУС

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на групата Квад во Белата куќа, го поздрави трилатералниот договор АУКУС меѓу САД, Австралија и Велика Британија, кој ќе и обезбеди на Австралија технологија за изградба на подморници со нуклеарен погон, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јапонија, Томојуки Јошида.

Тој рече дека за АУКУС се разговарало на состанокот на Квад – членови на Четиристраниот безбедносен дијалог – САД, Јапонија, Индија и Австралија.

– Премиерот Суга го поздрави воспоставувањето на пакт за безбедност меѓу трите земји, што ќе биде важен фактор за мирот и стабилноста во инфо-пацифичкиот регион, рече Томојуки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија