Премиерот на Грузија поднесе оставка

Од:

Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе поднесе оставка, истакнувајќи дека ја исполнил својата мисија.

– Создадена е рамката за развој и затоа одлучив да поднесам оставка, бидејќи верувам дека досега ја исполнив својата мисија, напиша тој на Фејсбук профилот.

Бахтаѕе им заблагодари на сите министри и на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биѕина Иванишвили за поддршката и соработката, нагласувајќи дека останува нејзин член.

Бахтаѕе ја предводи Владата на Грузија од јуни 2018 година, а претходно беше министер за финансии.

Според законот, по оставката на премиерот, целиот кабинет поднесува оставка. Министрите ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски додека не се формира нова влада.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски