Премиерот на Алжир најави оставка

Од:

Премиерот на Алжир Нуредин Бедуи наскоро ќе поднесе оставка за да го олесни одржувањето на изборите оваа година, што војската го смета за единствен начин да се стави крај на политичката криза во земјата.

Заминувањето на Бедуи е главното барање на демонстрантите кои во април го принудија долгогодишниот претседател Абделазиз Бутефлика да се повлече од функцијата.

Демонстрантите, исто така, ја отфрлија можноста за одржување нови избори се додека нема повеќе промени во структурата на моќта во Алжир.

Бутефлика поднесе оставка на 2 април по неколкунеделните масовни протести, но неговото заминување, како што пренесуваат светските агенции, не ги смири Алжирците кои сакаат промена на стариот режим.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари