Премиерката на Нов Зеланд запрена да чека ред за да влезе во ресторан

Од:

На премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн не ѝ било дозволено да влезе во познат ресторан во Велингтон, поради почитување на мерките за физичка дистанца.

„Гардијан“ пренесува дека ресторанот „Олив“ бил преполн, па на премиерката и на нејзиниот партнер им било кажано дека ќе мораат да причекаат надвор.

Владиниот портпарол изјавил дека „чекањето да се влезе во ресторан е нешто што може да му се случи на секој, додека траат мерките против ширењето на коронавирусот“.

„Премиерката изјави дека ќе чека како и сите останати“, изјави тој.

Сопственикот на ресторанот изјавил дека нема исклучоци кога станува збор за овие мерки.

„По извесно време таа влезе со нејзиниот партнер, јадеа, останаа час и половина. Беше прекрасна спрема сите вработени и третирана како обичен муштерија“, изјавил сопственикот за медиумите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска