(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд навреди колега, не знаела дека и е вклучен микрофонот: „Толку арогантен кретен“

Од:

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн несмасно заборави да го исклучи микрофонот на последниот состанок на владата, на кој беше снимена како му кажува на лидерот на една помала опозициска партија дека е „арогантен кретен“ по говорот. Седница директно се емитуваше на националната телевизија, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Имено, за време на испрашувањето од пратениците во собранието, лидерот на слободарската партија Акт, Дејвид Сејмур, ја праша Ардерн дали може „да даде пример како направила грешка, да се извини за тоа правилно и да ја поправи“.

Како одговор на прашање, Ардерн призна дека изолацијата – клучна, но контроверзна точка на одговорот на Нов Зеланд на коронавирусот – била тешка за јавноста, но додаде дека таа стои зад сè што направила владата во изминатиот мандат.

Откако го заврши одговорот, Ардерн седна до нејзиниот заменик Грант Робертсон и тивко рече „толку арогантен кретен“.

Нејзиниот микрофон во тоа време сè уште бил вклучен.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски