Прекинати разговорите за нова холандска Влада по вториот случај на Ковид-19 меѓу преговарачите

Од:

Портпаролот на холанската Влада во Хаг, соопшти дека денеска се прекинати коалициските преговори за формирање на новата влада, откако вториот член на актуелната администрација излезе позитивен на тестирањето за коронавирус.

Министерот за внатрешни работи, Кајса Олонгрен, еден од водачите на разговорите, е последниот член на владата со позитивен тест на Ковид-19. Претходно беше утврдено дека и државен секретар се разболел од коронавирус, по што целата влада беше подложена на тестирање.

-Премиерот Марк Руте е негативен на тестот, потенцираше владиниот портпарол.

Руте бара партнери за формирање нова влада, откако на минатонеделните парламентарни избори неговата десноцентристичка Народна партија за слобода и демократија освои мнозинство, отворајќи го патот за неговиот четврти мандат како премиер.

„Либералните демократи 66“ се најдоа на второто место , по што двете партии денеска требаше да почнат преговори за формирање можна коалиција.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски