ВИДЕО: Прекината прес конференција на гувернерот на Флорида поради обвинување за манипулации со Ковид-19

Од:

Прес-конференцијата на гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис вчера беше прекината од граѓанин кој побара да си поднесе оставка и го обвини за фалсификување на бројот на случаи со коронавирус.

За време на вчерашната прес-конференција за состојбата со Ковид-19, заедно со градоначалникот на округот Мајами, Дејд Карлос Хименез, гувернерот Де Сантис беше прекинат во говорот од човек кој подоцна беше идентификуван како Томас Кенеди, државен координатор на Флорида на групата за застапување на имигрантите „Обединети ние сонуваме.

-Засрамете се! Вие расејувате хаос! Вие расејувате хаос! Имаме рекорден број случаи и не правите ништо, се слушаше како Кенеди вика пред гувернерот на Флорида.

„Вие не правите ништо. Вие фалсификувате информации и ја заведувате јавноста. Повеќе од 4.000 луѓе умреа и вие ги обвинувате демонстрантите“, додаде тој.

„Вие момци немате планови и не правите ништо“.

Според интернет страницата на Флорида, во оваа држава се пријавени вкупно 4.242 смртни случаи од коронавирусот. Во саботата околу 11 отсто тестирани лица се покажале позитивни, а бројот на хоспитализирани за еден ден бил 248, со што вчера вкупниот број на лица во болниците низ државата достигна 18.400.

Флорида во неделата соопшти за повеќе нови случаи на коронавирус отколку цела Европа, со 15.300 инфекции, што е најголем дневен раст во која било држава за време на пандемијата. Претходниот рекорд го постави Калифорнија минатата среда со 11.694 позитивни случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски