Преговори за заедничка декларација за Судан во Советот за безбедност на ОН

Од:

Во Советот за безбедност на ОН веќе втор ден траат преговорите за заедничка декларација за Судан, каде беше изведен воен преврат, бидејќи Русија се противи на острата осуда на пучот предложен од Африканската унија, соопштија вечерва дипломатски извори, пренесува Бета.

– За жал, сè уште немаме консензус, рече претседавачот на Советот за безбедност на ОН, амбасадорот на Кенија, Мартин Кимани, кој на новинарите им појасни дека се обраќа како амбасадор и претставник на Кенија.

Според него, по тешка дебата, Африканската унија зазела цврст став кон Судан и остро го осуди военото преземање на цивилните власти во таа земја.

Поради противењето на Русија на острата осуда во заедничката декларација, формулацијата на осудата беше променета во „длабока загриженост“. Меѓутоа, со таа формулација не се согласуваат ниту Русија и Кина, велат дипломатски извори.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија