Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот до сега има 6.766.214 лица заразени со новиот коронавирус.

Од нив починале 395.141, а оздравеле 3.297.027 луѓе.

Во Албанија, во изминатото деноноќие од направените 162 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 15 лица, од нив 10 во Тирана.

Вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 1.212.

Во последните 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот, болеста моментално е активна кај 31 лице, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во Африка со коронавирусот се заразени повеќе од 168.000 луѓе, што е околу 6.000 повеќе од вчера.

Од Ковид-19 во Африка досега починале 4.700 луѓе.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Русија е зголемен за 8.726 на 449.834 во изминатите 24 часа, соопшти кризниот центар задолжен за сузбивање на вирусот.

Русија по број на заразени е на трето место во светот, после САД и Бразил.

Во Јужноафриканската Република во изминатите 24 часа пријавени се 3.276 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата во таа земја.

Во Индија во изминатите 24 часа потврдени се уште 9.851 случај на коронавирусот, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Вкупниот број на заразени достигна 226.770, а бројот на починати 6.348.

Од коронавирусот во Перу починале вкупно 5.031луѓе.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот се зголеми на 183.198, што е за 4.284 повеќе од претходниот ден.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски