Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот до сега има 6.419.767 лица заразени со коронавирус.

Од нив починале 379.014, а оздравеле 2.941.660 луѓе.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 19 нови случаи на Ковид-19, од кои 12 се кај патници од летот Доха – Атина.

Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.937 лица.

По вчерашните шест новозаразени, во последното деноноќие, во Албанија, повторно висока двоцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19.

Од тестираните 243 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 21, од нив шестмина се здравствени работници.

Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени изнесува 1.164.

Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот.

Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.372 лица се тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 24 лица.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.454 лица.

Во САД бројот на болни од Ковид-19 надмина 1,8 милиони, а најмалку 105.167 лица починале.

Во последните 24 часа во САД се заразиле уште 21.118 лица.

Велика Британија регистрира уште 111 смртни случаи од коронавирусот, најмалку откако се во сила рестриктивните мерки, соопшти министерот за здравство Мет Хенкок.

Тој додаде дека е регистриран и најмал број на новозаразени од 27 март, поточно уште 1.570 случаи.

Во земјата вкупно се починати 39.045 луѓе, а заразени се 276.332.

Во последните 24 часа во Русија починале уште 182 луѓе, со што вкупниот број на смртни слуаи сега изнесува 5,037 лица, објави денеска кризниот центар задолжен за коронавирусот.

Регистрирани се уште 8.863 случаи на заразени со Ковид-19м а вкупно заразени се 423.741 лица.

Чешката Влада објави дека од 15 јуни на нејзините граѓани ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски земји.

Владата, исто така, информира дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни, ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните од останатите 10 земји ќе треба да покажат негативен тест за коронавирус.

Бројот на починати во Мексико надмина 10.000, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се регистрирани 237 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 10.167, соопшти мексиканското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени е 93.435, а најмногу заразени има во Мексико Сити.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски