Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот до сега има 6.317.156 лица заразени.

Од нив починале 374.988, а оздравеле 2.876.232 луѓе.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се четири смртни случаи од Ковид-19, односно 179 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште две лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.918.

Податоците за состојбата со новиот коронавирус од денеска во Грција ќе бидат на седмично, наместо на дневно ниво и наместо Министерството за здравство, ќе ги соопштува секој четврток Националната организација за јавно здравје.

Во последните 24 часа, едно лице e починато во Србија како резултат на коронавирусот.

Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 244.

Во последното деноноќие во Албанија драстично е помал бројот на новозаразени со Ковид-19.

Од 102 тестирани сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај шест од нив, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.143 лица.

Во Унгарија се потврдени уште 15 случаи на коронавирусот и сега вкупниот број на заразени изнесува 3.892.

Во изминатите 24 часа починал еден постар пациент кој имал и друга болест, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 527.

Во Словачка во текот на претходниот ден регистриран е еден нов случај на зараза со коронавирусот, и сега вкупниот број на заразени изнесува вкупно 1.522 од почетокот на епидемијата.

Во изминатите 24 часа нема нови смртни случаи, па бројот на починати останува на 28 вкупно.

Во Романија починале уште четири лица, па вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 1.270.

Потврдени се уште 141 случај на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени изнесува 19.398.

Од 246 граѓани кои вчера се тестирани во Словенија, ниту еден не бил позитивен на коронавирусот.

Од последици на Ковид-19 починало уште едно лице, па сега вкупниот број на смртни случаи изнесува 109.

Во Словенија до сега се тестирани вкупно 79.039 граѓани, а регистрирани се 1.473 случаи на коронавирусот.

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починаа уште 60 лица.

Вкупниот број на смрСостни случаи се зголеми на 33.475. Бројот на заразени се зголеми за 200 на вкупно 233.119.

Црна Гора веќе 28 дена официјално нема регистрирано случаи на коронавирус.

Во Шведска во последните 24 часа се регистрирани осум смртни случаи од коронавирусот, соопшти Шведската управа за јавно здравје.

Вкупниот број на починати изнесува 4.403. Со 272 новозаразени, вкупниот број на заразени сега изнесува 37.814.

Во изминатите 24 часа во Хрватска не се регистрирани нови случаи на зараза со коронавирусот, а нема ниту нови смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски