Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според најновите податоци, во светот од коронавирус досега се заразиле 5.962.407 лица.

Од нив починале 363.899, а оздравеле 2.628.359.

Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се пет нови позитивни случаи на Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.909 лица, а починаа 175 лица.

Во Албанија од направените 276 тестирања на сомнителни случаи на Ковид-19 во последното деноноќие позитивен резултат е добиен кај 23 лица,од нив 12 во Тирана.

Вкупниот број на заразени со коронависут во земјата достигна 1.099.

Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последиците од коронавирусот.

Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.215 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 54. 6.524 пациенти биле излекувани.

Смртните случаи од новиот коронавирус во Италија се зголемија за 87 во однос на вчерашните 70, а бројот на нови случаи за еден ден е намален од 593 на 516.

Вкупниот број на смртни случаи во земјата од ширењето на вирусот на нејзина територија на 21 февруари сега е 33.229.

Триста дваесет и четири лица починаа во Велика Британија од коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти министерот за финансии Риши Сунак.

Вкупниот број на смртни случаи во Велика Британија сега е 38.1161.

Земјата е на второ место по САД.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски