Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.846.624 лица.

Од нив починале 359.532, а оздравеле 2.537.267.

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 надминал 100 илјади и дека станува збор за „многу тажен биланс на епидемијата“.

Бројот на жртви на зарзата во САД е најголем во светот, а 1,69 милиони заразени во САД сочинуваат 30 отсто од сите потврдени случаи во светот.

Според најновите податоци, 377 лица починале од коронавирусот во Велика Британија во изминатите 24 часа, што е вкупно 37.837 лица, се вели во извештајот на Министерството за здравство и социјална заштита.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа е 70.

Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последиците од коронавирусот.

Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 241.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.534 лица се тестирани за коронавирус, а 25 од нив се потврдени. 6.438 пациенти биле излекувани.

Во Албанија, во изминатото деноноќие од направените 225 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 26 лица, сите од Тирана.

Од новодијагностицирани 12 се здравстевни работници и пациенти од универзитеската болница.

Вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 1.076.

Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се два смртни случаи и три нови позитивни случаи на Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.906 лица, а починаа 175 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти два нови случај на Ковид-19, од направени 2.602 анализи, а бројот на заразени лица се зголеми на 941 од почетокот на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски