Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.246.532 лица.

Од нив починале 336.238, а оздравеле 2.119.137 луѓе.

Министерството за здравство на Грција соопшти 21 нов случај на Ковид-19, а почина уште едно лице.

Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.873 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 169 лица.

Во Србија, за првпат во изминатите 24 часа, не се забележани смртни случаи.

Тестирани се 5.998 лица, од кои 105 случаи потврдени.

По вчерашните пет денес во Албанија регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 981 лице.

Во последното деноноќие регистрирани се шест оздравени или 777 што е околу 79 отсто од вкупно заболените. Активни на болеста се 173 лица, главно во Тирана, Драч,Круја и Скадар.

Бројот на заразени со вирусот во Африка е над 100.000, соопштија денеска африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а повеќе од 3.100 луѓе починале од Ковид-19 на континентот каде живеат 1,3 милијарди луѓе.

Стапката на смртност од коронавирусот во Русија ќе се зголеми нагло во мај, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Според неа, анализата на руските експерти врз основа на резултатите во изминатите три недели и анализата на епидемиолошката крива, покажува сериозно зголемување на стапката на смртност во овој месец.

Чешките здравствени власти соопштија дека ширењето на новиот коронавирус е под контрола и покрај зголемувањето во последните денови.

Наспроти ова, Чешката Република се подготвува за ново олеснување на анти-епидемиија мерките од понеделник.

Министерот за здравство Адам Војтех рече дека првиот бран на олеснување на мерките, што почна на 11 мај, немало негативен ефект.

Од утрово, вкупниот број случаи на Ковид-19 регистрирани во Чешка беше 8.757, а на смртните случаи – 306.

Вкупниот број хоспитализирани пациенти е 150 до денеска, што претставува намалување од две третини во однос на пикот.

Би можело да ве интересира

Ердоган го послуша гласот на народот- нема полициски час за време на викендот

Ана Ололовска

Поради коронавирусот во Словенија биле откажани голем број операции и медицински прегледи

Ана Ололовска

Шпанија: Регионалната Влада на Арагон осудена за необезбедена заштитна опрема за здравствените работници

Ана Ололовска

Медицинска сестра од болницата во Јесенице заразена со коронавирусот

Ана Ололовска

Италија ни после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Ана Ололовска

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот

Ана Ололовска