Преглед на состојбата со коронавирус во светот

Од:

Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со коронавирус.

Од нив починаа 388.974, а оздравени се 3198.069 луѓе.

Во последните 24 часа, едно лице починало во Србија како резултат на коронавирусот.

Вкупниот број жртви од почетокот на епидемијата е 246.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.571 лица, а излекувани се 6.910 пациенти.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека од вторникот, заклучно со денес во 15 часот, регистриран е еден смртен случаи од Ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени.

Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран.

Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197.

Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.

Русија пријави уште 8.831 случај на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата достигна 441.108.

Центарот за одговор на корона-кризата наведува дека во изминатите 24 часа уште 169 лица починале од последиците од вирусот.

Досега се пријавени 5.384 смртни случаи во Русија.

Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја.

Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238.

Здравствените власти во Пакистан соопштија дека во земјата има 85.264 лица заразени со Ковид-19, а 1.770 се починати.

Пакистан го укина карантинот на почетокот на мај, иако бројот на нови случаи и натаму расте.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски