Преглед на состојбата со коронавирус во светот

Од:

Според најновите податоци, во светот од коронавирус досега се заразени 5.734.838 лица.

Од нив починаа 354.208, а оздравеа 2.466.989.

Во Србија во последните 24 часа едно лице почина од последици од коронавирусот.

Бројот на жртви од почетокот на епидемијата е 240.

Во последните 24 часа нема новозаразени со коронавирус во Хрватска, а вкупниот број пациенти од почетокот на епидемијата е сè уште 2.244, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Досега се тестирани 64.266 лица, од кои 584 во последните 24 часа.

Хоспитализирани се 38 лица, од кои шестмина се на респиратор, а вкупниот број оздравени во Хрватска е 2.047, а на починати е 101.

Во Албанија во последното деноноќие се регистрирани 21 новозаразен, сите во Тирана.

Од ново дијагностицираните 13 се од универзитетската клиника, медицински персонал и пациенти, кои имале контакт со медицинска сестра, кај која болеста е потврдена пред два дена, а била заразена надвор од клиниката.

Официјални лица во Стразбур апелираа до стотици гледачи кои присуствуваа на незаконски одржаниот натпревар за време на викендот во Стразбур да бидат тестирани анонимно за коронавирусот.

Според „Гардијан“, натпреварот се одиграл во неделата помеѓу два локални градски клуба, додека забраната за јавни собири на повеќе од десет лица е во сила.

На натпреварот учествуваа околу 400 луѓе кои се повикани од надлежните да бидат тестирани за коронавирусот поради страв од втор бран на пандемијата.

Полјаците од 30 мај ќе можат да излезат надвор без маски, а од 6 јуни повторно ќе бидат отворени кината, театри и спортски сали, соопшти полската Влада.

Во наредните денови ќе бидат дозволени јавни собири до 150 лица, а ќе бидат ублажени и рестриктивните мерки во однос на бројот на луѓе во црквите.

Досега во Полска се регистрирани 22.074 случаи на коронавирус и 1.024 смртни случаи, што е многу помалку отколку во другите поголеми европски земји.

Бројот за заразени од Ковид-19 во Африка во изминатите 24 часа се зголеми за 3.690, со што вкупниот број изнесува 118.927.

Бројот на починати е 3.574, соопшти филијалата на СЗО за Африка.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски