Предвремени парламентарни избори на Гренланд

Од:

На Гренланд, кој е самоуправна територија во состав на Кралството Данска, денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори.

Шест политички партии ќе се борат за 31 место во Инатсисартутот (гренландскиот Парламент).

Главните политички сили се владејачката социјалдемократска партија „Сиумут“ и левата опозициска политичка сила „Инуит Атакатигиит“.

Според последните анкети  „Сиумут“ ќе освои 36,7 отсто од гласовите, а „Инуит Атакатигиит“ 34,5 проценти.

Предвремените избори се организирани помалку од две години од претходните, а причина е септемврискиот скандал со партискиот лидер на „Сиумут, премиерката на Гренланд Алека Хамонд. Таа беше обвинета дека ги користела државните средства за лични потреби.

Би можело да ве интересира

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска