Предлог-резолуција во Советот за безбедност за поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим

Од:

Според неименувани дипломати во Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се гласа за предлог-резолуцијата со која ќе се инсистира одлуките за статусот на Ерусалим да немаат правен ефект и да бидат поништени.

Предлог-резолуцијата е подготвена од Египет и е напишана на една страница, а следува по признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Во резолуцијата не се споменуваат ниту САД, ниту Трамп.

Документот бара одлуките со кои што се изменува карактерот, статусот или демографскиот состав на Ерусалим да немаат правен ефект, да станат ништовни и неважечки и да ги поништат согласно релевантните резолуции на Советот за безбедност.

Со предлог-резолуцијата се повикаат сите земји од воздржување од формирање дипломатски мисии во Ерусалим, согласно резолуцијата 478 на СБ на ОН.

Иако овој предлог има широка поддршка, се очекува да биде блокиран од САД. За усвојување се потребни девет гласа „за“ и да не биде прифатено вето на ниту една од постојаните членки, односно САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел