Пред Нотр Дам би можела да биде изградена привремена катедрала

Од:

Привремена дрвена катедрала би можела да биде поставена пред црквата Нотр Дам во Париз се додека трае обновата на опожарениот објект, соопшти денеска ректорот на катедрала Патрик Шуве.

-Градоначалничката на Париз Ан Идалго се согласи дека градските власти би можеле да изнајмат дел од плоштадот пред катедралата за привремена зграда, изјави Шуве.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека обновата на Нотр Дам ќе биде готова за пет години, но дел од експертската јавност цени дека тоа е многу амбициозно.

Францускиот министер за култура Франк Риестер потврди дека е предложена можност за привремена зграда, но дека одлуката сè уште не е донесена.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано