(ВИДЕО) Пратеник од опозицијата хоспитализиран по тепачка во турскиот Парламент

Од:

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година.

Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе. Некои од нив си разменуваат тупаници, а други се обидуваат да ги смират колегите.

Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската „Добра партија“ бил удрен во лицето. За Јорс се грижел негов колега, по образование доктор, по што со возило на Брза помош бил пренесен во болница. Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски

Сопственик на кафeана претепал музичар, па му го оштетил и музичкиот инструмент

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода