Пратениците во ЕП за пет години може да заработат 525.000 евра

Од:

За пет години, секој 751 пратеник ќе добие месечна плата од 8.750 евра. За пет години, ова е околу 525.000 евра бруто. На оваа плата им се наплаќаат европските даночни и осигурителни придонеси. Кога ќе се одземе, останува 6.800 евра месечно.

Повеќето земји-членки ги обврзуваат своите пратеници да платат дополнителен национален данок во матичната земја.
Освен плата тие добиваат и други надоместоци.

Паушал од 4.500 евра месечно е за изнајмување канцеларија, телефонски трошоци, компјутери, конференциски и изложбени организации. Надоместокот се преполовува за пратениците неоправдано се отсутни од половина од пленарните сесии за една година.

Исто така, постои дневен паушал од 320 евра за секој ден од деловното патување во Брисел или во Стразбур. Тој надомест ги покрива трошоците на хотелот, оброци и сите други трошоци.
Во случај пратениците на денови на гласање да пропуштат повеќе од половина од сесиите, тие добиваат половина од таа сума.

Пратениците имаат и патни трошоци и годишно може да оправдаат износ од 4.454 евра и да имаат право да добијат две третини од трошоци за лекување.

Претставниците во Европскиот парламент располагаат со канцеларии во Брисел и Стразбур. Тие, исто така, можат да ги користат службените возила на парламентот кога се на службено патување во еден од тие два града.

Може да изберат асистенти во рамките на сметка утврдена од Парламентот. Максималниот можен месечен износ за сите трошоци за тие лица е 24.900 евра по асистент.

Членовите можат да вработуваат до три акредитирани асистенти и не можат да вработуваат блиски роднини на тие места.

Податоците за тоа како ги трошат месечните 4513 евра за трошоците на канцелариите на европратениците не мора да и откриваат на јавноста, доколку тие самите така одлучат, иако се финансираат со јавни средства.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска