Пратениците на ЛДП со резолуција ќе бараат од премиерот Абе да ја откаже посетата на Си Џинпинг на Јапонија

Од:

Владеачката Либерално-демократската партија во Јапонија треба од владата на премиерот Шинѕо Абе да побара да ја откаже планираната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг, откако Кина го одобри контроверзниот Закон за национална безбедност на Хонг Конг, објавија локалните медиуми во петокот .

ДПА јавува дека Либерално-демокартската партија се очекува следната недела до кабинетот на Абе да испрати резолуција со осуда на Кина.

„Кјодо њуз“ наведува дека ЛДП во резолуцијата „изразува силна осуда“, бидејќи повеќе од 300 демонстранти се уапсени во демонстрациите во Хонг Конг, предизвикани поради носењето на законот.

„Не можеме да стоиме на страна“, се наведува во резолуцијата.

„Невозможно е претседателот Си Џинпинг да ја посети Јапонија“, напиша пратеничката на ЛДП Масахиса Сато на Твитер.

Си на почетокот на годината требаше да биде првиот кинески претседател што ја посетува Јапонија, откако Ху Џинтао тоа го стори во 2008 година. Појавата на коронавирусот во март го присили Си да го одложи патувањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија