Прајут Чан-оџа: Нападот во трговскиот центар е најкрвавиот во историјата на Тајланд

Од:

Вкупно 26 лица загинаа во најкрвавиот напад во историјата на Тајланд, изјави премиерот Прајут Чан-оча, цитиран од светските агенции.

-Загинаа 27 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а 57 се ранети, изјави премиерот на прес конференција по завршувањето на опсадата на трговскиот центар „Рерминал 21″ во североисточниот тајландски град Након Рачасима.

Во болниците се уште се 32 лица од ранетите, додаде Прајут Чан-оча, кој го посети градот за да се сретне со повредените, пренесе ДПА.

– Ситуации како оваа никогаш немало во Тајланд, подвлече премиерот, цитиран од германската агенција.

„Да се надеваме дека ова ќе биде прв и последен пат“, додаде тој.

Напаѓачот, 32-годишен војник, беше застрелан од специјалните безбедносни сили по опсадата на трговскиот центар што траеше речиси цела ноќ.

Премиерот потврди дека веројатниот мотив за ова безумие бил некаков спорен договор за земјиште, од кој напаѓачот се чувствувал измамен.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога