Прајс: Сојузниците ги координираат непосредните чекори за можни казнени мерки за Москва

Од:

На вчерашната средба со руските претставници во рамки на Советот НАТО-Русија во Брисел на која учествуваа сите 30 НАТО-членки, САД и сојузниците доволно јасно кажале дека нема да му дозволат на никого да ја затвора политиката на „Отворени врати“ на Алијансата, изјави портпаролот Нед Прајс.

Во декември Москва испрати сет од барања за преговори со САД во врска со незадоволството на Москва од ширењето на НАТО на исток, воените вежби во земјите во близина на Русија и забрана за членство на Украина и Грузија во Алијансата.

Разговори во врска со руското барање започнаа во понеделеник во Женева со средбите за дијалог околу стратешко оружје меѓу САД и Русија. Државниот секретар Ентони Блинкен и други високи американски претставници укажаа дека преговори за европската безбедност не можат да се водат без претставници од Европа.

На брифингот за новинарите синоќа во Стејт депртментот, Прајс укажа дека на средбите на заменичката државен секретар Венди Шерман со партнерите од ЕУ, таа дискутирала за работните заклучоци од самитот на Г7.

-Да се подготват координирани економски мерки кои ќе нанесат висока цена за руската економија ако Русија направи трагична грешка (ја нападне Украина), рече Прајс.

Тој укажа дека и по средбата на постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена, владите ќе разговараат за заклучоците донесени на билатерално, НАТО и на ниво на ОБСЕ и ќе ги детерминираат следните чекори.

-Русија е таа што е исправена пред тежок избор – да деескалира и да примени дипломатија, курс кој ние го посакуваме, или да конфронтира и да се соочи со последици, истакна портпаролот.

Според него, САД забележуваат значајни обиди од страна на Москва да се пласираат лажни тврдења за Европа, Украина и САД, а во обид да се оправда руското однесување и потенцијално да се создаде повод за инвазија на Украина.

-Никој не треба да биде изненаден ако Русија шири дезинформација за обврски кои не биле ветени… а тоа го кажа и заменичката (Шерман). Таа утринава повика никој да не паѓа на постојаната дезинформација од Москва.

Во меѓувреме, Радио Слободна Европа денеска јави дека во Русија се префрлаат стотици единици воена техника, вклучувајќи реактивни системи за топовски оган „Град“ и „Ураган“, од Сибир и Далечниот Исток на земјата во западните региони. Медиумот цитира извештај од проектот „Конфликт интелиџенс тим“, кој ги изучува многубројните видеа објавени по социјалните мрежи.

Префрлањето на воената техника следи откако Министерството за одбрана на Русија на 11 јануари објави нови воени вежби во западниот дел на земјата во близина на границата со Украина, со учество на три илјади војници и триста единици воена техника.

На Запад сметаат дека Русија се подготвува за сеопфатна инвазија на Украина откако во изминатите месеци распореди околу 100.000 војници долж границата со соседната земја, и на анексираниот полуостров Крим, што според САД е подготовка за воен напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он