Познати дел од кандидатите на Бајден за високите државни функции

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска ги откри своите номинации за високи национални безбедносни позиции во неговата администрација.

Бајден потврди дека Ентони Блинкен (58) ќе биде американски државен секретар.

Ејврил Хајнс, доколку биде потврдена, би влегла во историјата како прва жена шеф на американска разузнавачка заедница. Бајден исто така планира да го номинира Алехандро Мајоркас да биде првиот латино секретар на Одделот за домашна безбедност.

Комплетна листа (досега):

Државен секретар: Тони Блинкен

Советник за национална безбедност: Џејк Саливан

Директор на национално разузнавање: Аврил Хаинс

Секретар за Министерството за домашна безбедност: Алехандро Мајоркас

Амбасадор на САД во ОН: Линда Томас-Гринфилд

Специјален претседателски пратеник за клима: Џон Кери

Списокот се очекува да биде објавен денеска на настан во Делавер.

Ниту Саливан ниту Кери нема да бидат сослушувани, но тоа го внесува Кери во администрацијата во она што веројатно ќе биде важна улога.

На списокот не е вклучен изборот на Бајден кој ќе биде шеф на Пентагон, избор што може да предизвика интензивен надзор од антивоените и прогресивни демократи.

Сите шестмина номинирани од Бајден, извршуваа високи функции во администрацијата на Обама.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин