Познати Американци кои починаа од коронавирус

Од:

Неколку познати личности од американскиот шоу бизнис неделава починаа од здравствени компликации поврзани со Ковид-19, болест што се добива од новиот коронавирус.

Драматургот Теренс Мекнали, актерот Марк Блум, модната дизајнерка Џени Полонко, како и познатиот њујоршкиот готвач Флојд Кардоз.

Мекнали, кој има добиено награда „Тони“, почина завчера во Флорида. Тој е познат американски драматург чии пиеси како „Бакнежот на жената пајак“, или „Љубов! Смелост! Сочувство!“ се поставуаа на многу бродвејски сцени. Мекнали отворено се претставуваше како хомосексуалец а неговите дела допираа прашања околу љубовта, хомофобијата и ХИВ/СИДА. Почина на возраст од 81 година.

Актерот Блум, познат по неговата улога во „Крокодилот Данди“ и „Очајнички барајќи ја Сузан“, почина неделава во Њујорк од компликации од Ковид-19. Тој имаше 69 години.

Неговата сопруга Џенет Зариш изјави дека од коронавирус бил тестиран позитиван само пред една недела. Укажа и дека тие не патувале никаде, и не знаеле дека биле во контакт со некој заразен од коронавирус. Блум боледувал од астма.

Кардоз беше познат индиски готвач во Њујорк. Тој беше прв сопственик на голем ресторан во Њујорк роден во Индија.

Модниот дизајнер Поланко почина во Доминиканската Република. Таа имала четиридецениска успешна кариера и била редовна учесничка на Модната недела во Мајами.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат