Познат руски историчар осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Од:

Рускиот историчар Јуриј Дмитријев, познат по делата за гулазите и репресијата за време на владеењето на Сталин, е осуден на 13 години строг затвор поради сексуално злоставување на дете, соопшти денеска Врховниот суд во Карелија, северозападна Русија.

Дмитриев (64), кој го водеше истражувањето со организацијата Меморијал за пронаоѓање на масовни гробници на жртвите од сталинистичкиот терор, е уапсен уште во 2016 година и обвинет за детска порнографија и недолични фотографии од посвоената ќерка. Тој тогаш тврдеше дека фотографиите на голото девојче се направени намерно за да следи како таа расте.

Дмитриев беше ослободен од обвинението во 2018 година, но повисоката судска инстанца ја оспори судската одлука и Дмитриев беше обвинет за потешко дело – сексуално злоставување.

Организацијата Меморијал веднаш реагираше на пресудата за Дмитриев, истакнувајќи дека тој се гони поради неговата активност за зачувување на сеќавањето на политичките жртви.

Би можело да ве интересира

„Комерсант“: Посетата на Лавров е знак дека Москва сака да го зачува влијанието на Балканот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Руски ММА-борач брутално изрешетан во кафеана среде бел ден

Жарко Настоски

ВИДЕО: Пијани руски војници влетаа во аеродром со оклопен транспортер

Жарко Настоски

Путин: Руската економија закрепнува во многу сектори

Жарко Настоски

Забраните за патувања во странство поради епидемијата и помагаат на руската економија, тврдат економисти

Ана Ололовска

Руските безбедносни сили тврдат дека спречиле исламистички терористички напад во Москва

Жарко Настоски