Пожарот во парламентот на Јужна Африка е ставен под контрола

Од:

Пожарот што ја зафати зградата на парламентот на Јужна Африка за време на викендот повторно е ставен под контрола, соопшти рано утринава противпожарната служба, пренесе ДПА.

Пожарот избувна во неделата и првично беше ставен под контрола, но силниот ветер повторно го разгоре и синоќа доведе до негово ново разгорување.

-Пламените јазици беа изгаснати по полноќ, изјави портпаролот на противпожарната служба Џермејн Карелс за телевизијата eNCA.

ДПА претходно јави дека во зградата на парламентот е уапсен еден 49-годишен маж, кој денеска треба да се појави пред суд, а се товари за провална кражба и подметнување пожар.

Трошоците за обнова на оваа историска градба се проценуваат на неколку стотици милиони долари.

Пожарот ја уништи салата на Националното собрание и повеќе канцеларии.

Би можело да ве интересира

Тела на 20 млади луѓе пронајдени во ноќен клуб во Јужна Африка

Катерина Павлова-Николовска

Во поплавите во ЈАР загинаа 395 лица, стравувања дека смртниот биланс ќе расте

А1он

Најмалку 45 жртви во поплавите во Јужна Африка

А1он

Јужна Африка ќе произведува копија на вакцината на Модерна

А1он

Бројот на жртви во тропската бура Ана во Јужна Африка се зголеми на седумдесет

Ана Ололовска

Светската банка и додели заем на Јужна Африка од 750 милиони долари за закрепнување од последиците на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска