Пожарот во Калифорнија се шири, исклучена струјата во милион домови

Од:

Сојузната држава Калифорнија се соочува со нов бран пожари, но овојпат, како што известуваат набљудувачите од теренот, опасноста е двојна, пожарот е разгорен од силните ветрови.

Пожарот всушност почна откако дрво падна врз електричен далновод во околината на Лос Анѓелес. Пожарите се шират брзо откако синоќа почнаа да дуват ветрови со брзина и од 119 километри на час.

Властите спроведуваат евакуација на жителите од зоните зафатени со пожар, откако десетици жаришта се проширија кон предградијата на Лос Анѓелес.

Во опасност да изгори синоќа беше и претседателската бибилиотека „Роналд Реган“. Пожарникарите и спасувачките служби се уште се борат да го спречат ширењето на пожарот во округот Вентура.

Во меѓувреме, компанијата за електрична енергија ја исклучи струјата на милион домови и бизниси низ северниот дел на сојузната држава, некои со кратко известување однапред, со цел да се спречи каблите за струја евентуално да предизвикаат повеќе пожари.

Жителите се жалат бидејќи ќе останат без струја со денови, особено оние на кои им е потреба електрична енергија поради апарати за одржување во живот.

Бизнисмените, пак, велат дека овој потег ќе ги чини десетици илјади долари загуба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници