Пожари низ Калифорнија, евакуација на населението

Од:

Разорни пожари се шират низ Калифорнија, поради што од вчера се вршат принудни евакуации од населбите околу Салтон Си, на јужниот дел на оваа американска сојузна држава.

Пожарот избувна во саботата во Ниланд, мало и сиромашно земјоделско место на околу 160 километри оддалечено од Сан Диего.

– Штетите сè уште се проценуваат, но досега се уништени околу 20 куќи, а евакуирани се 130 лица, изјави Линда Дејл, портпарол на округот Империјал.

Црвениот крст на САД за Јужна Калифорнија соопшти дека работи напорно за да обезбеди сместување за сите евакуирани.

Оваа сиромашна заедница во округот Империјал исто така е сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, а околу 500 пациенти се пренесени во здравствени установи во соседните градови и окрузи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници