Пожар во висококатница во Манила

Од:

Најмалку едно лице загина во пожар кој денеска изби на 21-от кат од висококатница во Манила, соопштија високи претставници.

Градоначалникот на Манила, Едвин Оливарез изјави дека околу 100 пожарникари се наоѓаат на терен за да го изгаснат огнот. Поради делови од зградата кои паѓаат, затворена е една коловозна лента.

Според медиумите, засега во пожарот загинала една жена, која живеела на повисоките катови.

Се претпоставува дека пожарот избил во близина на одводот за отпад, кој се простира од врвот на зградата до приземјето.

Зградата е изградена пред дваесетина години и во неа главно живеат Кинези.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски