Пожар во интернат во Танзанија, изгореа десетмина ученици

Од:

Најмалку десетмина ученици загинаа во пожар што го зафатил интернатот на приватно основно училиште во северна Танзанија, изјави висок владин претставник.

Уште седум други деца се здобиле со тешки изгореници, соопштија властите.

-Во овој ученички дом биле сместени 74 ученици, а кога се запалил учениците почнале да бегаат, но поради силината на пожарот некои не успеале навреме да се спасат, изјави регионалниот комесар на Кагер, Марко Гагути.

Полицијата, пожарникарите и другите владини претставници веднаш почнале истрага за причината за пожарот, која засега останува непозната, изјави Гагути во телефонски разговор за британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов