Пожар во електрана во московскиот регион, има повредени

Од:

Меѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар кој изби денеска во гасна електрана во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за енергетика.

Извори од Медицинскиот центар за итни случаи велат дека се повредени седум лица, а нивните изгореници се од прв или втор степен.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа оган кој високо се крева кон небото.

– На местото на инцидентот се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици пожарникарски возила, хеликоптери и возови, изјави Зана Терехова, портпарол на итните служби. Таа додава дека не постои опасност пожарот да се прошири во населените подрачја, а пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат огнот за еден час.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски