Пожар во близина на нуклеарна централа во Јужна Кореја; наредена евакуација на населението

Од:

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин нареди сеопфатни напори за заштита на нуклеарната централа Ханул од шумскиот пожар што денеска избувна во областа.

Пожарот во таа област ги принуди локалните власти веднаш да издадат предупредување за природна катастрофа додека се обидуваат да ја заштитат нуклеарната централа од пожар, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

Пожарот избувнал денеска нешто по 11 часот по локално време на пат во близина на планина северно од провинцијата Гјеонгсанг, на околу 330 километри југоисточно од Сеул, соопшти Корејската шумска служба (КФС).

Издадена е наредба за евакуација на жителите во близина на областа. КФС и Националната противпожарна агенција (НФА) мобилизираа 28 противпожарни хеликоптери, 35 противпожарни возила и повеќе од 400 пожарникари за да го изгаснат пожарот.

Пожарникарите, сепак, имаа потешкотии да го стават огнот под контрола поради силните ветрови со брзина од над 25 метри во секунда и сувото време, соопштија властите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски