Пожар на француска нуклеарна подморница во Тулон

Од:

Француски пожарникари се борат со огнот што избувна денеска на нуклеарна подморница закотвена заради поправки во јужниот пристанишен град Тулон, јавуваат агенциите.

Поморските власти во земјата соопштија дека не постои ризик од радијација од пожарот или чадот што произлегува.

„Нуклеарното гориво на бродот, како и неговото оружје беа отстранети пред поправките,“ се вели во соопштението на поморската префектура за Медитеранот, објавена на Твитер.

Подморницата беше евакуирана откако избувна пожарот во неговиот преден дел, соопшти префектурата. Поморските пожарникари беа однесени на местото на настанот, кој е оддалечен околу 60 километри од Марсеј. 

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски