Повторно ракетирана воена база во Багдад

Од:

Ракета истрелана од системот Качуша денеска ја погоди ирачката воена база на меѓународниот аеродром во Багдад, каде се сместени американските војници, соопшти ирачката армија.

Тоа е трет напад во изминатите три дена, по двегодишнината од американскиот напад со дрон врз аеродромот во Багдад, при што загинаа иранскиот генерал Касем Сулејмани и заменик командантот на ирачките милииции Абу Махди ал Мухандис.

Во соопштението од американската армија се наведува дека ракетниот лансер со кој е извршен нападот е лоциран во кварт во западен Багдад, од каде милициите поддржани од Иран, го ракетираат аеродромот.

Во понеделникот соборени се два дрона со експлозив, чија цела беше ирачката воена база каде се сместени американски војници во западната ирачка провинција Анбар.

Проиранските шиитски фракции во Ирак ветија одмазда за убиствата и рекоа дека ќе ги запрат нападите кога ќе заврши американското присуство во Ирак.

Коалицијата предводена од САД минатиот месец официјално ја заврши својата мисија за воена поддршка на ирачките сили во борбата против Исламската држава Ирак и Левант. Сепак, речиси 2.500 војници ќе останат во Ирак како воена советодавна мисија која ќе продолжи да им помага на ирачките сили.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија