Повторно протести и судири во Барселона

Од:

Во Барселона синоќа повторно имаше судири помеѓу полицијата и демонстрантите откако каталонскиот лидер Квим Тора побара преговори со централната Влада, но Мадрид го одби барањето.

Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво мора недвосмислено да ги осуди немирите со кои беше зафатена Каталонија.

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Во немирите во текот на изминатата недела повредени се повеќе од 500 лица, а полицијата приведе над 150 луѓе.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка соопшти дека во судирите во петокот повредени се 101 полицаец, а оштетени се 264 полициски возила.

Би можело да ве интересира

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски