Повторно отворен аеродромот во Триполи

Од:

Аеродромот во Триполи, Митига од денеска повторно е отворен за сообраќај, откако пред две недели беше затворен поради воздушните напади во реонот на либискиот главен град, соопштија аеродромските власти.

Борбите околу Триполи започнаа на 5 април кога групата Либиска национална армија (ЛНА) на генералот Калифа Хафтар тргна во офанзива за освојување на градот, кој е под контрола на меѓународно призната Влада на национално единство на Либија.

Според податоците на Светската здравствена организации (СЗО), во борбите во реонот на Триполи досега загинале најмалку 220 лица, а 1.066 се ранети.

Хафтар, кој има амбиции да го освои Триполи, е поддржан од ривалската либиска влада што го контролира источниот дел на земјата. Од друга страна, по контрола на меѓународно призната либиска Влада се главниот град Триполи и западниот дел на Либија.

Од соборувањето од власт на либискиот водач Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е зафатена од граѓанска војна, при што земјата беше поделена меѓу неколку ривалски групи. Во моментов Либија е поделена на територии под контрола на двете ривалски влади.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи

Либија: Во напад со дронови убиени најмалку 40 цивили

Спасени 123 мигранти од брод во Средоземно Море

Бродолом во Либија, се трага по 150 лица

Макрон бара од Либија да не ги држи мигрантите во притвор

Ана Ололовска

Туниската војска приземји либиски борбен авион