Повторно ќе се пребројуваат гласовите од локалните избори во Истанбул

Од:

Турските изборни власти почнаа повторно да ги пребројуваат гласовите во повеќе избирачки места во Истанбул, по приговорите на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

АКП ги оспорува резултатите од локалните избори во Истанбул одржани во неделата, на кои според првичните и неофицијални резултати, кандидат за градоначалник на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП, Екрем Имамоглу освои околу 25.000 гласови повеќе од поранешниот премиер и кандидат на владејачката партија Бинали Јилдирим,

– Одлучено е да се пребројат гласовите во 39 окрузи во Истанбул, откако вчера беа поднесени преговори од владејачката АКП, изјави претседателот на Високата изборна комисија, Сади Ѓувен.

Ѓувен нагласи дека повеќето од преброените ливчиња биле класифицирани како неважечки по изборите во неделата.

Партијата на Ердоган освои најмногу гласови на ниво на цела Турција, но загуби во најголемите урбани и економски центри, меѓу кои и Анкара и Истанбул, кои беа под нејзина контрола во изминатите 25 години.

Имамоглу претходно денеска побара од Високата изборна комисија да го прогласи за победник на изборите за градоначалник на Истанбул.

2019-04-03 16:00:54, од Ирена Радовановиќ

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски