Повторно инциденти на грчко – турската граница меѓу мигрантите и полицијата

Од:

Со камења, дрва и разни предмети, насобраната група во неутралната зона на граничниот премин меѓу Грција и Турција, но од турска страна, ја нападнала грчката полиција, која одговорила со солзавец и шок бомби, за мигрантите и бегалците да се повлечат. Во инцидентот е повреден еден полицаец.

Во обидот на грчката полиција да спречи нов влез на бегалци и мигранти на грчка територија, од камен фрлен од другата страна полесно е повреден полицаец во пределот на лицето и бил пренесен во болница каде што му била пружена прва помош.

Според грчките медиуми, полицијата употребила и цистерна со топови вода за растерување на насобраните групи, а од фрлените предмети на грчка страна, оштетени се две возила на војската.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица