Повторно дебакл на Тереза Меј

Од:

Британскиот парламент вечерва повторно го отфрли договорот за брегзит, кој премиерката Тереза Меј го склучи со Европската Унија.

Против договорот со условите за излез на Велика Британија од Унијата гласаа 391 пратеник, а „за“ 242, пренесе Би-би-си.

Кога парламентот за првпат гласаше на 15 јануари, 432 пратеници гласаа „против“, а „за“ беа 202.

Резултатот од денешното гласање значи дека британските пратеници утре решаваат дали Британија без договор ќе ја напушти ЕУ на 29 март.

Доколку парламентот утре ја отфрли и опцијата за излез без договор, на гласање в четврток ќе се одлучува дали од ЕУ да се бара одложување на брегзитот за максимум три месеци.

Би можело да ве интересира

„Сандеј Тајмс“ објави документ на Владата за ризиците од Брегзит без договор

Татјана Ташкова

Меркел бара средба со Џонсон заради Брегзит

Германија очекува Велика Британија да излезе од ЕУ без договор

Лабуристите сакаат уривање на Владата, се противат на Брегзит без договор

Болтон: САД со воодушевување ќе поддржи Брегзит без договор

Анкета: Мнозинството Британци за „Брегзит по секоја цена“