Повторно битка за Змискиот Остров

Од:

Украинската армија објави слика како војници поставуваат знаме на Змискиот Остров во Црно Море.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Змискиот Остров повеќе пати е заземан од руската и од украинската армија.

По објавувањето на фотографијата со украинското знаме, руското Министерство за одбрана соопшти дека го ракетирале Змиски Остров.

– Околу пет часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон Островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса, се наведува во соопштението на руското МНР.

Тврдењата на Москва за напад врз Змискиот Остров не се независно проверени, но локалните власти во Одеса претходно објавија дека руските сили го ракетирале Змиски Остров.

Змискиот Остров е стратешки важен и за Украина и за Русија. Во Црното Море има само неколку острови, а Змискиот Остров е лоциран на околу 200 километри јужно од Одеса, и од него може да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристаништен град во Украина. Со долгорочна окупација на островот, Русија ќе може да го блокира речиси целиот извоз на стоки преку пристаништето Одеса.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот