Површината на арктичкиот морски мраз по втор пат падна под 4 милиони квадратни километри

Од:

Површината на арктичкиот морски мраз падна под четири милиони квадратни километри по втор пат откако почна сателитското снимање во 1979 година, соопшти американскиот Национален центар за податоци за снег и мраз (НСИДЦ).

Мразот на 15 септември ја достигна својата годишна минимална површина од 3,74 милиони квадратни километри и сега се очекува да почне повторно да се шири бидејќи температурите почнуваат да паѓаат и сонцето заоѓа порано со почетокот на есента.

Арктичкиот морски мраз е во постојан тренд на намалување, а 14-те најниски годишни минимални површини се случуваат во последните 14 години.

Еколозите предупредуваат дека забрзаното топење придонесува за затоплување на океаните и зголемени стапки на истребување на повеќе видови.

– На северот ова беше луда година, со морски мраз на скоро рекордни ниски нивоа, топлотни бранови од 37 степени Целзиусови во Сибир и огромни шумски пожари, изјави директорот на НСИДЦ Марк Серезе.

– 2020 година ќе стои како извичник за надолниот тренд на површината на арктичкиот морски мраз. Одиме кон сезонски Арктички океан без мраз, а оваа година е уште еден клинец во ковчегот, продолжи тој.

Мерењата објавени вчера се само прелиминарен наод и може да се ревидираат бидејќи континуираното топење може уште повеќе да ја намали ледената прекривка, нагласува НСИДЦ и додава дека финална анализа ќе објави во октомври.

Би можело да ве интересира

ОН: Пандемијата не ги ублажи значително климатските промени

Ана Ололовска

Макрон на видео конференција со главните донатори за заштита на климата

Ана Ололовска

ИФРЦ: Расте бројот на катастрофи предизвикани од екстремни климатски услови

Ана Ололовска

Експерти: Против климатските промени нема вакцина

Ана Ололовска

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени

Ана Ололовска

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Арктикот

Ана Ололовска