Повеќе од сто илјади исчезнати лица во Мексико, расте и бројот случаи на исчезнати мигранти

Од:

Бројот лица кои официјално се водат како исчезнати во Мексико се искачи на повеќе од сто илјади, покажуваат владините податоци, додека организацииите и групите формирани за пронаоѓање на исчезнатите и заштита на семејствата побараа од властите на посилен ангажман во потрагата.

Според податоците од Националниот регистар на исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи што датира од 1964 година и периодично се ажурира, изминатите две години бројот луѓе исчезнати како последица на организираниот криминал се зголемиил од 73 илјади на повече од сто илјади лица, од кои повеќето мажи.

Групите за човекови права и семејствата на исчезнатите изразија тревога и ја повикаа Владата итно да спроведе поефективни пребарувања и истраги.

Случаите на исчезнувања се зголемија од 2007 година, откако поранешниот претседател Фелипе Калдерон ја извади армијата на улица за да се пресмета со шверцерите на дрога, што покрена бран на насилство што е предизвик и за денешната администрација.

Во Извештајот објавен минатата недела уште се посочува дека случаите на исчезнати мигранти минатата година во Мексико се зголемиле речиси четирипати споредбено со 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

Шест лица загинаа во борба на нарко картели во Мексико

Силен земјотрес во Мексико