Повеќе од половина Руси тагуваат поради распадот на СССР

Од:

Не многу држави можат точно да го  прецизираат датумот на нивното раѓање и нивното умирање, пишува „Росијскаја газета“ по повод годишнината од распаѓањето на Советскиот Сојуз (СССР) во декември 1991 година.

„Краток живот, пократок дури и од просечниот човечки живот – ако продолжиме со таа аналогија, констатира весникот.

Над половина од жителите на Русија, односно 56 отсто, жалат поради распадот на СССР, покажуваат податоците од анкетата на центарот „Левада“.

Генерално, населението ги поддржува денешните форми на интеграција во постсоветскиот простор.

Имено, 21 процент од анкетираните ја сметаат за оптимална формата на Заедницата на Независни Држави (ЗНД) во нејзиниот сегашен облик, а 25 отсто би сакале потесни врски на доброволна основа, вклучувајќи по неколку земји, веројатно од редот на Евроазискиот економски сојуз, кој е составен од Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан.

Други 21 процент од испитаниците сакаат поблиско обединување на сите поранешни советски републики по моделот на ЕУ.

Само 13 отсто го поддржуваат нивното постоење како независни држави, истакнува „Росијскаја газета“.

– Советскиот Сојуз останува фактор во јавниот живот и политиката (на Русија), забележува „Ведомости“ во уреднички коментар.

Според Русите, човековиот фактор одигра поголема улога во распадот на СССР отколку колапсот на светската економија. Со текот на времето, социолозите добиваат се повеќе добри осврти за економијата од советското време, пишува весникот.

Како што наведе Алексеј Граџанкин од „Левада“ луѓето во Русија тагуваат по идеализираното советско минато. Јачината на таа носталгија зависи од нивната возраст – за распаѓањето на СССР жалат 83 отсто од луѓето над 55-годишна возраст, 63 проценти на возраст меѓу 40 и 54 години и 40 проценти од оние кои се на возраст под 40 години.

– Луѓето сакаат да се вратат во „изгубениот рај“ каде имаше релативна еднаквост, загарантирана работа, редовна исплата на плати и безбедност за утрешниот ден, истакна Граџанкин.

Сепак, истакнува весникот „Ведомости“, жителите на Русија постепено губат интерес за обновување на Советскиот Сојуз.  Денес таа идеја ја поддржуваат само 12 отсто од Русите за разлика од 30-те проценти во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он