Повеќе од половина од смртните случаи во француските болници поврзани со омикрон

Од:

Бројките од Одделот за истражување, студии, евалуација и статистика (ДРЕЕС) откриваат дека варијантата Омикрон сè уште ги оптоварува медицинските и болнички услуги во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Иако „помалку тежок“ од варијантата Делта или дури и од оригиналниот вид на Ковид-19, Омикрон сега ги претставува речиси сите нови контаминации во Франција: тој е откриен во 99 отсто од позитивните ПЦР тестови. Покрај тоа, поголемиот дел од жртвите на вирусот сега им се припишуваат на варијантата Омикрон, која влијаеше на 57 отсто од смртните случаи во болниците за неделата од 17. до 23 јануари.

Во истиот период се забележува дека варијантата Омикрон предизвикала 88 отсто од конвенционалните болнички приеми и 79 отсто од приемите во критична нега.

Сепак, вакцината ја докажа својата ефикасност против тешките форми на Омикрон, така што 75 отсто е ефикасна против тешки форми кај популацијата на возраст од 20 и повеќе години, а ризикот од смрт дури 90 отсто се избегнува кај луѓе на возраст од 40 и повеќе години. „Вакцината, а особено со засилената доза, останува заштитна од тешки форми на Омикрон“, вели ДРЕЕС.

Исто така времетраењето на хоспитализацијата, во оваа фаза, е нешто пократко за варијантата Омикрон во споредба со варијантата Делта.

Според ДРЕЕС, бројките од 20 декември 2021 година до 16 јануари 2022 година покажуваат дека невакцинираните луѓе на возраст од 20 или повеќе години се особено погодени од Омикрон.

Така, овие 8 отсто од невакцинираните во француската популација на возраст од најмалку 20 години сè уште сочинуваат 16 отсто од позитивните ПЦР тестови и 39 отсто од приемите во болница. Но, пред сè, тие претставуваат 54 отсто од приемите во критична нега за Ковид-19 и 46 отсто од смртните случаи поврзани со вирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано