Повеќе од половина граѓани на ЕУ се во тешка финансиска состојба поради пандемијата

Од:

Анкета на Европскиот Парламент, што ќе биде објавена во текот на идниот месец открива дека 58 отсто од европските граѓани имаат финансиски тешкотии откако започна кризата, како и дека над две третини бараат поголеми надлежности за Европската Унија во борбата против кризата.

Ова истражување на јавното мислење на граѓаните на ЕУ е спроведено кон крајот на април.

Граѓаните се изјасниле дека ЕУ треба да располага со повеќе надлежности во оваа санитарна криза.

Во ЕУ здравствената политика е строго национална политика, но кризата со новиот коронавирус покажа загрижувачко отсуство на координираност, кое се рефлектира во јавното мнение на европските граѓани.

Шеесет и девет отсто од граѓаните се согласни дека се потребни повеќе надлежности во здравствената политика, додека пак само 22 отсто се изјасниле против оваа можност.

Европските граѓани во мнозинство се разочарани од недостатокот на солидарност помеѓу земјите членки на ЕУ, додека само 42 отсто од нив се задоволни со мерките на Унијата во справувањето со кризата.

Тие сметаат дека ЕУ треба да се грижи за набавка на медицинска опрема и алокација на фондови за научни и медицински истражувања како што е развој на вакцина и третмани за вирусот.

Граѓаните очекуваат земјите членки потесно да соработуваат на ова поле.

Педесет и седум отсто од граѓани се незадоволни од нивото на солидарност во ЕУ, највисока стапка на разочараност е регистрирана во Италија, Шпанија и Грција, но и Австрија, Белгија и Шведска.

Од друга страна, Ирците, Данците, Холанѓаните и Португалците изјавија дека се задоволни од нивото на солидарност.

Загрижуваат и резултатите за финансиските тешкотии на граѓаните во оваа криза.

Педесет и осум отсто изјавиле дека се соочуваат со проблеми во нивното секојдневие.

За 30 отсто станува збор за намалени приходи, за 23 проценти од нив губење работа, додека пак девет отсто изјавиле дека не можат да си дозволат пристојна исхрана откако започна кризата.

Десет отсто побарале финансиска помош од пријатели и роднини, а три проценти се соочиле со банкрот.

Најмногу финансиски проблеми имаат Унгарците, Бугарите, Грците, Италијанците и Шпанците, а најмалку Данците, Холанѓаните, Швеѓаните, Финците и Австријците.

Анкетата е спроведена од 23 април до први мај, при што се испитани 21.804 граѓани помеѓу 16 до 64 годишна возраст, во 21 земја-членка на ЕУ.

Целосната анкета ќе биде објавена во текот на месец јуни.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески