Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со Ковид-19

Од:

Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени.

Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките на владата.

Наспроти тоа, само шест проценти се „многу задоволни“ и 35 проценти се „прилично задоволни“. Пет проценти не се изјасниле.

Во март, 65 проценти од Германците биле незадоволни од одговорот на коронавирусот, а само 30 проценти биле задоволни.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски